Достапни линкови

Хуманитарен концерт во МОБ за поддршка на лицата со ХИВ


Хуманитарен концерт со оперски арии со цел солидарност и поддршка на лицата кои живеат со ХИВ ќе се одржи вечер во Македонската опера и балет, во рамки на кампања по повод 1 декември, Светскиот ден на борба против Сидата.
Концертот го организира Групата за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ во Македонија „Заедно посилни“ која работи во состав на Здружението на граѓани ХЕРА во соработка со Македонската опера и балет.
На концертот ќе настапат солисти од МОБ и иструменталисти, а ќе бидат изведени дела од Чајковски, Доницети, Верди, Пучини, Брух итн. во пијано придружба на Јанинка Невчева, Андреја Наунов и Милан Јанкуловски.
XS
SM
MD
LG