Достапни линкови

САД се против промени на границите на Балканот


„Соединетите држави не го поддржуваат прецртувањето на националните граници на Балканот. Секој обид да се стори тоа е непродуктивен и дестабилизирачки“. Ова за МИА го изјавил висок претставник на американскиот Стејт департмент. Реакцијата доаѓа по изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша, кој во рамките на одбележувањето на 100 годишнината од независноста на Албанија, како албански наведе градови во Македонија, Грција, Црна Гора и Србија.
XS
SM
MD
LG