Достапни линкови

Иран бара прекин на истрагата за нуклеарната програма


Иран побара од Меѓународната агенција за атомска енергија веднаш да ја затвори истрагата во врска со обвинувањата дека нуклеарната програма на Техеран има и воена димензија. Иранскиот амбасадор во агенцијата во Виена изјави денеска дека Иран веќе одговорил на сите прашања во врска со нуклеарните активности и оти нема ништо сомнително. Со оваа изјава се доведува во прашање најавениот договор за соработка меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија, чии инспектори треба да допатуваат во Техеран на 13-ти наредниот месец.
XS
SM
MD
LG