Достапни линкови

Путин се чувствувал добро


Владимир Путин

Владимир Путин

„Гласините за здравствените проблеми на претседателот Владимир Путин се претерани“, изјави денеска неговиот портпарол Дмитри Пешков. „Путин продолжува да работи и има намера тоа да го прави со истото темпо. Тој нема да се откаже од спортот, иако како секој спортист, може да има некои болки во грбот, раката или ногата, но тоа никогаш не влијае врз неговата способност за работа, изјави Пешков. Во последно време се јавија гласини дека Путин имал здравствени проблеми по повредатата за време на џудо тренинг. Јапонските медиуми јавија дека токму поради здравствената состојба на Путин, премиерот Јошихико Нода ја откажал постетата на Русија во идниот месец.
XS
SM
MD
LG