Достапни линкови

Без ангажман на власта, ништо од евроинтеграциите


Архивска фотографија: Пристапен дијалог на високо ниво Македонија-ЕУ.

Архивска фотографија: Пристапен дијалог на високо ниво Македонија-ЕУ.

Интеграциите не може да напредуваат никако поинаку освен како заедничка работа на владата и на министерствата. Сите политички субјекти во земјава треба да ја одиграат својата улога во овој процес, но клучен е ангажманот на власта, велат аналитичарите.

Евроатлантското интегриирање на Македонија е неопходно за стабилноста на земјава и тука нема простор за емоции, туку станува збор за рационално прашање на кое треба да работат сите, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими.
Тоа е многу рационално прашање и тука нема простор за емоции или ентузијазам, ова е едноставна работа што треба сите заедно, било тоа да се владејачки политички партии или опозициски политички партии да си го сработат своето и да ја постигнеме целта.


„Тоа е многу рационално прашање и тука нема простор за емоции или ентузијазам, ова е едноставна работа што треба сите заедно, било тоа да се владејачки политички партии или опозициски политички партии да си го сработат своето и да ја постигнеме целта“, изјави Бесими во интервју за Радио Слободна Европа на прашањето дали постои усогласеност во Владата во врска со ова прашање.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими на тркалезната маса „Македонија, Регионот и Евроатланските интеграции“, март 2012.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими на тркалезната маса „Македонија, Регионот и Евроатланските интеграции“, март 2012.


ДУИ како резултат на поддршката од своето членство и ветувањата кон него, остава впечаток дека посветува поголемо внимание на интеграциите, вели аналитичарот Исмет Рамадани, додека нивниот коалиционен партнер во Владата, остава простор и за поинакви перцепции.
Прашање на дискусија кое и понатаму може да се отвара е кој колку во сето ова се венесува, меѓутоа сметам дека ова не е толку работа на партиите, колку што е работа на државата и на државните органи. Процедурите се многу познати, правилата се јасни и дека само треба да се следат инструкциите што ги добиваме од Европа.

„Даваат индикации одвреме навреме дека помалку се посветени на тоа што значи зачленување во НАТО, односно кон евроатланските интеграции и се дава впечаток дека бараат и алтернативи и сето тоа значи дека како коалициони партнери не функционираат тимски во однос на евроатланските интеграции.“

За професор Звонимир Јанкуловски, пак, нема простор за сомневање дека владата е посветена на интеграциите, но дека со перцепцијата може да се манипулира поради клучниот критериум кој е кочничар на процесот, а тоа е спорот за името.

„И кој во основа не зависи од напорите кои Владата ги прави и луѓето кои тоа го спроведуваат, односно го имплементираат.“

Политичката поддршка за европските и евроатланстките интеграции кај нас не изостанува за што потврда е и тоа дека законите со европско знаменце се усвојуваат на прилично усогласен начин, вели професор Никола Дујоски.

„Прашање на дискусија кое и понатаму може да се отвара е кој колку во сето ова се внесува, меѓутоа сметам дека ова не е толку работа на партиите, колку што е работа на државата и на државните органи. Процедурите се многу познати, правилата се јасни и дека само треба да се следат инструкциите што ги добиваме од Европа.“

Дујоски посочува и дека се очигледни зголемениот број контакти со меѓународните претставници и остварениот дијалог на високо ниво што го смета за резултат повеќе на личната отколку на партиската посветеност на вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи. Сепак, како што додава, интеграциите не можат да напредуваат никако поинаку освен како заедничка работа на владата и на министерствата. Сите политички субјекти во земјава треба да ја одиграат својата улога во овој процес, но клучен е како што заклучува, ангажманот на власта.
XS
SM
MD
LG