Достапни линкови

logo-print

Палестина слави, индиректно е призната од ОН


Палестина доби унапреден статус на држава не членка во Обединетите нации. За тоа во Генералното собрание гласаа 138 земји, девет, вклучувајќи ги и Соединетите Држави беа против, додека 41 земја, меѓу кои и Македонија, гласаа воздржано. Ваквиот чекор всушност значи индиректно признавање на суверенитетот на Палестина, составена од Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим.

Пред гласањето, палестинскиот претседател Махмуд Абас побара од Генералното собрание на Обединетите нации да и даде потврда за раѓање на Палестина.
Палестинци слават во градот Рамалах на Западниот Брег.

Палестинци слават во градот Рамалах на Западниот Брег.


„Дами и господа, пред 65 години на овој ден, Генералното собрание ја усвои резолуцијата 181 со која територијата на историска Палестина е поделена на две држави и тоа беше раѓање на Израел. На истиот ден бараме извод од родените и за државата Палестина.“

Генералното собрание го озакони признавањето на државата Палестина и и додели посматрачки статус на држава нечленка.
Веднаш по гласањето за ваквото барање, палестинскиот амбасадор во Светската организација Ријад Мансур оцени дека станува историски ден за Палестина.

„Генералното собрание го озакони признавањето на државата Палестина и и додели посматрачки статус на држава не членка.“

Израелскиот амбасадор Рон Просор, повтори дека неговата земја сака мир со Палестинците, но предупреди дека ваквиот потег би можело да ги уназади напорите за постигнување на таа цел.

„Единствен пат да се постигне мир е преку веќе постигнатите договори меѓу двете страни, а не преку резолуции кои целосно ги игнорираат израелските безбедносни и национални интереси.“
Прогрес кон правично и трајно решение меѓу две држави не може да се постигне со стискање на зеленото копче тука. Со оваа резолуција Палестина не станува држава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по гласањето изјави дека резолуцијата е едностран акт и оти Израел ќе дејствува во согласност со тоа. На ист став се и Соединетите Држави.

„Бевме јасни дека само преку директни преговори, Палестинците и Израелците ќе можат да постигнат мир“, изјави државниот секретар Хилари Клинтон.

Американската амбасадорка во Светската организација Сузан Рајс оцени дека резолуцијата е несреќна и контрапродуктивна.

„Прогрес кон правично и трајно решение меѓу две држави не може да се постигне со стискање на зеленото копче тука. Со оваа резолуција Палестина не станува држава.“

Унапредениот статус значи дека Палестина може да членува во агенциите на Обединетите нации, вклучувајќи го и Меѓународниот кривичен суд каде што ќе може да покренува процеси против Израел.

„Тоа би можело да ја смени динамиката: ќе ја поттикне палестинската власт, особено во контекст на Хамас кој зајакна политички, ќе биде нова реалност за Израелците кои во јануари имаат избори и повторно ќе ги вклучи Соединетите Држави кои извесно време беа отсутни од регионот“, вели Алон Бен Меир, експерт за Блискиот Исток.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG