Достапни линкови

logo-print

Офанзива на сиријската војска против бунтовниците


Главниот пат кон аеродромот во близина на Дамаск бил затворен поради офанзивата на сиријската војска која се оценува за најголема акција против бунтовничките сили. Во Дамаск, како што јавуваат активисти, во целост бил во прекин интернетот, како и мобилната телефонија. Бунтовниците и владините сили меѓусебно се обвинуваат за нефункционирањето на телекомикациите. Според некои информации во градот Алепо војската убила најмалку 15 цивили. Меѓународниот пратеник за Сирија Лакдар Брахими изјави во Советот за безбедност на Обединетите нации дека на Сирија и треба итен прекин на огнот, како и голем број меѓународни сили. Од почетокот на граѓанската војна во март лани досега во Сирија загинале најмалку 40 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG