Достапни линкови

Палестина доби статус на држава набљудувач


Со големо мнозинство, Генералното собрание на ООН синоќа гласаше на Палестина да и се додели статус на држава набљудувач. За резолуцијата која предвидува унапредување на статусот на палестинската управа во светската организација од „ентитет“ во „држава набљудувач“, гласаа 138 земји, 9 беа против а 41 беше воздржана. Со тоа и се овозможува и пристапување кон голем број институции на ООН како што е Меѓународниот кривичен суд каде што би можеле да преземат и акции против Израел. Израелскиот амбасадор во ООН, Рон Просор ја потврди желбата на еврејската држава за мир со Палестинците но рече дека резолуцијата ќе го врати мировниот процес назад.
XS
SM
MD
LG