Достапни линкови

Египет го изготви новиот нацрт устав


Уставното собрание на Египет рано изутринава го заврши нацрт уставот со кој претседателот Мухамед Морси се надева едека ќе се смири кризата во земјата. Неговите критичари велат дека драфтот поминал преку неговите сојузници од Муслиманското братство на сметка на влез на малцинствата, како што се хриситјаните и либералите. Морси до доцна синоќа на националната телевизија ја бранеше својата одлука велејќи дека е потребна една „деликатна операција“ за да се надмине преодниот период на нестабилност за кој го обвини главно недонесувањето на уставот.
XS
SM
MD
LG