Достапни линкови

Во ОН ќе се гласа за палестинскиот статус


Генералното собрание на ОН денеска ќе го стави на дневен ред за гласање предлогот за унапредување на палестинскиот статус од земја набљудувач во „држава не членка “. Се очекува поголем дел од 193 те земји членки на ОН да гласаат во полза на палестинското барање. САД и Израел се противат на мерката и лобираат истата да не се одобри. Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху изјави дека резолуцијата на ОН нема да смени ништо, затоа што Палестинците ќе добијат своја држава кога ќе ги исполнат условите односно кога ќе ја признаат Израел како еврејска татковина. Во меѓувреме пред гласањето во ОН се огласи и генералниот секретар Бан Ки Мун кој го опиша блискоисточниот мировен процес како „пациент на апарати за оддржување во живот“: Тој ги повика Изралеците и Палестинците да вложат дополнителни напори за мировен процес кој ќе им го подобри долгорочниот животот.
XS
SM
MD
LG