Достапни линкови

Ѓул: Сириски напад врз Турција би бил чиста „лудост“


Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека е малку веројатен сириски напад врз Турција, истакнувајќи дека ваквата разврска би била „лудост“. Тој повтори дека разместувањето на ракетите „Патриот“ долж турско-сириската граница е мерка со одбранбен карактер. Станува збор за превентивна мерка и дека ситемот никаков начин нема да се искористи за напаѓачки
операции, истакна Ѓул .
Американскиот амбасадор во Турција, Френсис Ричардоне, синоќа за турските медиуми изјави дека САД го поддржуваат ставањето на располагање на ракетите „Патриот“ на Анкара. Барањето за разместување на ракетите „Патриот“ беше критикувано од Сирија, која го оцени како „провокативно“, а истото го сторија и Русија и Иран.
XS
SM
MD
LG