Достапни линкови

logo-print

Сирија остана во целост без интернет


Две комании кои се занимаваат со мониторирање на интернет сообраќајот со седиште во САД соопштија дека сириските граѓани немаат пристап до интернет и дека тоа е дело на сириската влада. Активисти во Сирија преку сателитска телефонска конекција ја потврдија информацијата истакнувајќи дека инфомативниот мрак доаѓа во период кога се водат жестоки битки во Дамаск.
Досега во одредени делови на Сирија во изминативе 20 месеци беше намалуван интеренет пристрапот но искучување на интернет конекцијата за цела нација е потег без преседан. Во меѓувреме авиокомпании од Египет и Дубаи најавија дека ги суспендирале летовите кон Дамаск затоа што сириските власти го блокирале аеродромот поради судирите.
XS
SM
MD
LG