Достапни линкови

logo-print

Попоски: Нема ништо штетно во писмото на Младенов


Министерот за надворешни работи Никола Попоски смета дека нема ништо лошо и штетно во писмото што го испрати неоговиот бударски колега Николај Младенов, туку напротив може да понуди дополнителни можности за потврдување на двете страни и нивната посветеност на евроинтергации. Попоски денеска изјави дека тоа што го видел во пораката е дека Софија ги пресретнува оние иницијативи што Скопје ги поднесе од аспект на формирање на работни групи и справување со одредени прашања кои можеби порано ги обременувале односите меѓу двете држави и дека е потребно да се подигне нивото на комуникација и на владино ниво. Попоски додаде дека од досегашната комуникација што ја има остварено нема чувство дека постои некаква потреба за промена на курсот на Бугарија во поглед на поддршката за европските и евроатланските процеси на Македонија.
XS
SM
MD
LG