Достапни линкови

Учителите со штрајк бараат смена на хрватски министер


Во Хрватска денеска се одржува еднодневен предупредувачки штрајк на учителите, наставниците, универзитетските професори, научниците и медицинските сестри кои бараат министерот за наука, образование и спорт Жељко Јовановиќ да си поднесе оставка. Синдикатите соопштија дека на протестот учествувале околу 70 илјади луѓе од образовниот научниот и здравствениот сектор.
Претседател на Матицата на хрватските синдикати Вилим Рибиќ изјави дека министерот е „партиски војник и послушник кој не работи за напредок на просветата и науката“, но и дека е уште поголем виновник од него оној кој го именувал на оваа функција.
Хрватскиот министер за образование денеска пред владината седница изјави дека за него не се важни податоците колку наставници и професори учествувале во штрајкот, бидејќи за него се поважни учениците и нивното право да имаат настава. Тој додаде дека преговорите околу измените на основниот колективен договор се во тек, па затоа штрајкот не беше потребен.
XS
SM
MD
LG