Достапни линкови

Казахстанскиот суд суспендира уште еден неделник


Судот во казахстанскиот најголем град Алмати денеска суспендира уште еден весник. Претседателот на невладината органзизација „Добро здравје“ Бакхут Туменова изјави дека добила денеска писмо од судот во кое е наведено дека со судска наредба е забрането да продолжи со активностите околу неделникот „ Вести од републиката“ . Во писмото е наведено дека судот наскоро ќе одлучува дали нејзиниот весник ќе биде целосно забранет. Минатата недела јавното обвинителство побара од судот да ги забрани и прогласи за екстремистички некололку опозициски медиуми и опозициска партија.
XS
SM
MD
LG