Достапни линкови

„Суперхикс“ со „Позитивен концерт“ за творечкото полнолетство


Македонскиот ска-панк состав „Суперхикс“, во сабота на 1 декември од 20 часот, во „Метрополис арена“ ќе го одржи својот голем „Позитивен концерт“ - настан кој е дел од годинешното издание на фестивалот „Таксират 2012“. Подршка ќе им бидат триото од Битола - „Молокаи“ и скопјаните „Чарли хит“, а планирано е на случувањето со кое ќе биде заокружена славеничката 18-та година од формирањето на бендот да настапи и диџеј Славе.

Со четири студиски албуми од кои последниот „Африка“ беше обелоденет деновиве, две концертни објави и едно и-пи, носачи на звук чиј вкупен тираж е над 200.000 продадени примероци, „Суперхикс“ влегува во редот на една од најзначајните рок групи во историјата на македонскиот рокенрол.
Концертот е дел од онаа таканаречена оф-програма на „Таксират“ иако ние повеќе милуваме да си го именуваме како наш самостоен концерт по повод кој што се нарекува „полнолетство на бендот“ или 18 години работа на „Суперхикс“, снимање, свирење, творење и сето останато.
Петар Младеновски, вокалист и басист на Суперхикс.


Од 1994 година кога за прват се појави на домашната сцена, момците го изодеа патот од локална атракција, преку регионално популарна клупска постава и се до бенд што може да рамноправно да се носи на фестивалските сцени со извикани имиња како „Фејт ноу мор“, „Фан лавин криминалс“, „Аркејд фајр“, „Џамироквај“, „Сајпрес хил“, „Ејжн даб фондејшн“, „Гогол Бордело“, „Бед рилиџн“ и други. Од таму, не чуди што „творечкото полнолетство“ тие го заокружуваат со голем „Позитивен концерт“ во „Метрополис арена“ и токму на манифестација каква што е „Таксират“.
Петар Младеновски, вокалистот и басистот на македонскиот ска-панк состав „Суперхикс“.
Петар Младеновски, вокалистот и басистот на македонскиот ска-панк состав „Суперхикс“.

„Концертот е дел од онаа таканаречена оф-програма на „Таксират“ иако ние повеќе милуваме да си го именуваме како наш самостоен концерт по повод кој што се нарекува „полнолетство на бендот“ или 18 години работа на „Суперхикс“, снимање, свирење, творење и сето останато“, вели вокалистот и басистот Петар Младеновски.
Откривме еден куп млади луѓе кои ги интересира квалитетна музика, квалитетни нешта во животот и културата а кои се оставени на страна и подложни на разноразни влијанија. Затоа мислам дека треба да се бара вина во тој сегмент, во образование, во градењето на културната стратегија. Мислам дека е тоа подзаборавено и дека со тоа треба да се позанимаваат и надлежните институции.
Петар Младеновски, вокалист и басист на Суперхикс.

Тој дополнува дека заедно со нив на сцената на Скопски саем ќе продефилираат 37 музичари и дека тоа треба да биде еден од условите за добра забава.

„Ќе биде доста интересно, напорно и гужва на бината, но тоа е добро и за атмосферата и за самиот настап. Спремаме посебно шоу, посебно светло, посебни видео моменти. т.н.“

Инаку, покрај „класичните хитови“ од својот долгогодишен репертоар како „Песни глупави лесни“, „Раде“, „Оптимистка“, „Знам дека љуби“... „Суперхикс“ ќе ги свири и новите адути од штотуку објавениот албум симболично насловен како „Африка“, остварување кое се обидува да проговори за аномалиите на просторов и времето во кое живееме.

„Барем девет од тие 12 теми се занимаваат со некултурата, со ерозијата на моралот, искривените карактери, лажните вредности и сето тоа што ни се случува катадневно. Дали допира тоа до младите е друго прашање и веќе е работа на една пообемна дискусија што треба да ја водат етичари, естетичари, професори, министри... Да се види што е она што треба да ја гради таа слика на една земја, тој сооднос на културата и некултурата и зошто е тоа така.“

„Суперхикс“, во изминативе десеттина дена, настапувајќи во неколку скопски средни училишта, ја потпишаа и акцијата насловена како „Кој не слуша, нека игра!“.

„Откривме еден куп млади луѓе кои ги интересира квалитетна музика, квалитетни нешта во животот и културата а кои се оставени на страна и подложни на разноразни влијанија. Затоа мислам дека треба да се бара вина во тој сегмент, во образование, во градењето на културната стратегија. Мислам дека е тоа подзаборавено и дека со тоа треба да се позанимаваат и надлежните институции.“

Кон ова само уште информацијата дека подршка на „Хикси“ на нивниот славенички и „позитивен концерт“ ќе им бидат „Молокаи“, „Чарли хит“ и Славе Спировски алиас диџеј Славе.

„Молокаи“ е сурф-панк трио од Битола кое е формирано во јуни 2011 година и вонего членуваат Дамјан Маневски, Бојан Станич и Дамјан Грујо. Тие зад себе имаат една и-пи објава на која ги ги комбинираат звуците на сурф-бендовите како „Лајка енд д космонаутс“, „Мен ор астромен“, со енергијата на „Фугази“, а за крајот на оваа и почетокот на наредната година го најавуваат излегувањето на својот деби албум.

„Чарли хит“ е бенд кој своето делување го започна во 2007 година , како идеја на браќата гитаристот Гордан и Бодин Попов. На гитаристот и тапанарот подоцна им се придружуваат и басистот Стефан Стојчев, гитаристот Александар Алексов-Балабанов и пејачот Раде Кекеновски. Бендот досега успеа да објави еден сингл. Новиот материјал е снимен и наскоро ќе биде достапен на носач на звук и за онлајн-преземање.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG