Достапни линкови

Харадинај:Ќе бидам лидер на сите граѓани во Косово


Поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово и лидер на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај денеска преку својот правен тим најави дека по врaќањето во Косово ќе биде „политички лидер на земјата и оти ќе ја води Владата која ќе ги претставува сите граѓани на Косово“. Во соопштението Харадинај посочува дека е време за помирување.
Во пишаната порака е наведено дека Харадинај како лидер на Косово ќе ги гарантира правата на сите малцинства и дека ќе обезбеди целосна политичка партиципација за Србите од Косово и дека ќе продолжи таму каде што застанал во 2004 тата година, а тоа е Косово да добие место во ОН.
XS
SM
MD
LG