Достапни линкови

Израел ќе го екстрадира Цветковиќ


Израелскиот врховен суд денеска донесе одлука дека босанскиот Србин Александар Цветковиќ обвинет за инволвираност во масакарот во Сребреница во 1995 година ќе биде екстрадиран во БиХ за да се соочи со обвиненијата за воени злосторства.
Цветковиќ има израелско државјанство и живее во Израел од 1996 година, а беше уапсен минатата година. Тој е обвинет дека бил дел од стрелачки одред кој уби 1200 босански муслимани во Сребреница. Цветковиќ твдри дека бил само воен возач.
XS
SM
MD
LG