Достапни линкови

logo-print

Белград: Одлуката за Харадинај е неправедна, но преговорите продолжуваат


Српскиот премиер Ивица Дачиќ оцени денеска дека ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај била очекувана, дека е последна во низата политички, а не правни и праведни пресуди на Трибуналот, но дека Србија, наспроти тоа, ќе ги продолжи преговорите со Приштина, бидејќи тоа е во нејзин интерес.
Дачиќ истакна дека и оваа пресуда, како и пресудата на хрватските генерали, ќе го отежне процесот на помирување во регионот.
Обвинителот за воени злосторства на Србија Владимир Вукчевиќ изјави дека ослободителната пресуда на поранешниот командант на ОВК Харадинај е неправедна и оти е резултат на непрофесионалната заштита на сведоците.
- „Меѓутоа, ние мораме да останеме со студени глави и да ја продолжиме соработката во регионот, бидејќи само така можат да се процесуираат воените злосторници и да дојдеме до правда за жртвите“, рече српскиот обвинител.
XS
SM
MD
LG