Достапни линкови

Обама го кани Ромни на ручек


Американскиот претседател Барак Обама го покани на приватен ручек во Белата Куќа неговиот ривал на неодамнешните претседателски избори Мит Ромни. Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни изјави дека нема формална агенда за состанокот, но дека претседателот сака да ги слушне идеите на Ромни за поефикасна влада.
До состанокот доаѓа во време на тешките буџетски дискусии за одбeгнување на драматично намалување на трошоците и зголемување на даноците.
XS
SM
MD
LG