Достапни линкови

Хаг - Харадинај ослободен од сите обвиненија


Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија денеска го ослободи од сите обвиненија поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај. Харадинај, кој за време на конфликтот во Косово меѓу 1998-1999 година беше еден од командантите на Ослободителната војска на Косово, беше обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Ослободени се и неговите соработници Идриз Балај и Лахи Брахимај.
Во април 2008 година Харадинај беше ослободен целосно од Хашкиот трибунал по сите 37 точки од обвинението поради недостиг на докази. Обвинителството на Трибуналот ја обжали пресудата, а во јуни 2010 година Апелацискиот совет делумно ја поништи. Во август 2011 година Хашкиот трибуналот почна повторен судски процес по шест од 37 точки од првичното обвинение. За време на процесот беа сослушани 12 сведоци, а сведочењата на уште 44 лица беа претставени во писмена форма. Харадинај беше премиер на Косово од трети декември 2004 година до осми март 2005 година.
XS
SM
MD
LG