Достапни линкови

Египетскиот нов устав речиси готов


Претседателот на египетското собрание соопшти дека новиот предлог устав е во финална фаза и до среда треба да биде готов, додека протестите на улиците на Каиро и натаму продолжуваат против декретот на претседателот Мухамед Морси за зголемувањето на неговите овластувања. Морси инсистира декретот да стапи на сила и да важи се додека новиот устав не помине на реферндум.
Опозицискиот лидер Амр Муса кој се повлече од собранието минатиот месец ја критикува најавата на собранието изјавувајќи дека погрешно брзото пакување на Уставот. Демонстранти 8- ми ден по ред протестираат на плоштадот во Каиро поради декретот на Морси со кој, според нив, тој си припишува „диктаторки моќи“.
XS
SM
MD
LG