Достапни линкови

Богов: Финасискиот сектор стабилен


Состојбата во финансискиот сектор е стабилна и нема системски ризици за овој сектор. Ова го изјави денеска гувернерот на Народната банка Димитар Богов, по денешната средба со претставници на институциите кои вршат супервизија врз финансиските компании во земјата.
Тој додаде дека до крајот на годината се очекува умерен раст, а проекциите за раст на централната банка за догодина остануваат исти. Богов истакна дека ќе има умерен пораст во најголем дел од индустриите во финансискиот сектор, додека на берзата, како и досега оваа година ќе има пад на вкупниот промет. Според Богов главните ризици за македонскиот финансиски сектор доаѓаат од евентулано натамошно забавување на економијата што би дошле како последица на рецесијата во еврозоната, па затоа идната година ќе биде многу неизвесна.
XS
SM
MD
LG