Достапни линкови

Бројни проблеми за странските инвеститори во Македонија


Македонско-германското стопанско здружение и Претставништвото на германското стопанство во Македонија (АХК), организира информативен настан на тема: „Шанси и ризици за странски инвеститори во Македонија“.

Македонско-германското стопанско здружение и Претставништвото на германското стопанство во Македонија (АХК), организира информативен настан на тема: „Шанси и ризици за странски инвеститори во Македонија“.

Германските бизнисмени се жалат на правната сигурност, ефикасноста на јавната администрација, транспарентноста на тендерите, борбата против корупцијата и моделот на плаќање.

Рецесијата во голема мера е предизвикана од случувањата во Европа, смета министерот за странски инвестиции Бил Павлески на дискусијата под наслов „Шанси и ризици за странски инвеститори во Македонија“ во организација на Македонско–германското стопанско здружение. Министерот додава дека ваквата состојба ќе влијае врз странските инвестиции.
Што ни носи тоа и да има најнизок данок, ако државата не го враќа ДДВ на фирмите, со тоа се зголемува стапката на данок. Што ќе ни донесе ако некој да добие регистрација во судот или во регистарот за четири часа или да добие струја за еден ден ако половина година или година чека некоја регулатива што се однесува на имотите. Значи тоа се случува, тоа се некои интересни проекти што биле блокирани поради тоа.

„Треба да ја искористиме можноста да ги таргетираме видовите на компании кои во период на рецесија бараат локации каде што може да заштедат и да бидат поефикасни во бизнисот. На тој начин, бројот на инвестиции може да се балансира, во некој случај може и да се зголеми во вакви периоди. Значи рецесијата треба да се искористи како можност за зголемување на бројот на инвестиции.“

Павлески очекува влез на повеќе видови компании во земјава.

„Компании од производствениот сектор се едни од компаниите што би можеле да влезат тука во овој период, компании од информатичката технологија може да влезат и да останат и компании што се занимаваат со извоз на услуги и производи.“

Директорот на претставништвото на германското стопанство Михаел Шмит се повика на анкета во која членките на организацијата имаат повеќе бројни забелешки за предизвиците на германските инвеститори во Македонија и регионот.

„Тоа се темите како правната сигурност, ефикасност на јавната администрација, транспарентност на тендерите, борбата против корупцијата и моделот на плаќање.“

По презентацијата на министерот за конкурентна работна сила, индустриски зони и поволни даноци, Шмит ги презентираше и забелешките.

„Што ни носи тоа и да има најнизок данок, ако државата не го враќа ДДВ на фирмите, со тоа се зголемува стапката на данок. Што ќе ни донесе ако некој да добие регистрација во судот или во регистарот за четири часа или да добие струја за еден ден ако половина година или година чека некоја регулатива што се однесува на имотите. Значи тоа се случува, тоа се некои интересни проекти што биле блокирани поради тоа“, вели Шмит.

Политичката и економската стабилност играат важна улога во одлуката за инвестирање, смета Ричард Перот, директорот на Империал Тобако ТКС.

„Од моја гледна точка, јас составувам стратешки планови за 3 до 5 години. Морам да земам предвид сè што ќе се случува во земјата во тој временски период. Од тука стабилноста на економската средина е многу важно за тоа дали ќе продолжиме со инвестиции во Македонија и дали ќе продолжиме со проширување на производствените капацитети.“

Инаку, Македонија и Германија традиционално, веќе 50 години се трговски партнери.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG