Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Владината коалиција ги влошува меѓуетничките односи


СДСМ денеска оцени дека се повеќе се влошуваат меѓуетничките односи во Македонија. Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев обвини дека владините коалициски партнери шират национализам во наизменични периоди притоа не водејќи сметка за последиците, а нивниот пример го следат и верските лидери кои наместо својот авторитет кај верниците да го искористат за смирување на недоразбирањето и да упатуваат пораки за помирување, тие се повеќе наликуваат на алатка во рацете на неодговорните политичари.
Во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека СДСМ продолжува да се занимава со нападиисклучиво насочени спрема ВМРО-ДПМНЕ, кога се во прашање меѓуетничките односи внатре во Република Македонија со што покажуваат дека не им се битни ниту државните, ниту националните интереси, туку им се пориоритет дневните препукувања.
Во продолжение е наведено дека оваа партија не научила за 20 години каде греши и повторно се служи со истите трикови и грешки.
XS
SM
MD
LG