Достапни линкови

logo-print

Иран ќе продолжи со збогатување на ураниум


Шефот на иранската агенција за нуклеарна енергија Ферејдон Абаси Давани изјави дека државата агресивно ќе продолжи со збогатувањето на ураниум. Неговите коменатари доаѓаат во пресрет на утрешниот состанок за контроврезната иранска нуклеарана програма кој треба да се оддржи во Виена со преставниците на меѓународната агенција за нуклеарна енергија.
На состаникот ќе се разговара за недостигот на прогрес во напорите да се открие дали нуклеарната програма на Техеран е за мирољубиви цели. Давани додаде дека наскоро Иран ќе го тестира и новиот реактор кој се наоѓа во Арак. ОН и западните земји спроведоа санкции против Иран поради контроверзната нуклерана програма. Меѓународната заедница се сомнева дека програмата има воена цел, Техеран тоа го негира.
XS
SM
MD
LG