Достапни линкови

ОН утре ќе гласаат за палестинскиот статус


Палестинскиот претседател Махмуд Абас

Палестинскиот претседател Махмуд Абас

Во пресрет на утрешното гласање во Обединетите Нации за унапредување на палестинскиот статус во организацијата од набљудувачки во држава нечленка на ОН, портпаролот на израелската влада Марк Регев изјави дека палестинскиот потег нема да реши ништо. Тој додаде дека освен дипломатски документи, нема да има вистински промени на терен, а единствен начин за решавање на отворените прашања и проблеми меѓу Палестинците и Израелците се директни мировни преговори. На прес конфренција денеска во Рамалах се огласи и палестинската ослободителна организација. Претставникот Ханан Ашрави изјави дека утрешното гласање на Генералното собрание на ОН ќе значи историски чекор напред за палестинскиот народ и дека Израел, САД и останатите земји кои би гласале против ќе се најдат на погрешната страна за правдата.
XS
SM
MD
LG