Достапни линкови

logo-print

Египетскиот уставен суд со обвинување за Морси


Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во Каиро и неколку други египетски градови.

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во Каиро и неколку други египетски градови.

Египетскиот уставен суд го обвини претседателот Мухамед Морси за водење кампања за дискредитација на судот. Судското соопштение предизвика зголемување на тензиите меѓу претседателот и судството. Египетскиот суд и Апелациониот суд денеска најавија дека ќе престаната да работат додека Морси не се откаже од декретот со кој си ги зголеми овластувањата. Декретот на Морси предизвика протести низ земјата, на кои демонстраторите го обвинуваат дека си припишал „диктаторски моќи“.Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во Каиро и неколку други египетски градови. На плоштадот во Каиро денеска избија и судири при кои полицијата со употреба на солзавец се обидела да ги растури протестите.
Морси тврди дека новите мерки се само привремени и неопходни за да се заштитат демократските реформи.
XS
SM
MD
LG