Достапни линкови

logo-print

Бундестагот го разгледува спасувачкиот пакет за Грција


Гермaнскиот парламент е првиот кој го стави на дневен ред за разгледување и ратификација договорот за пакетот мерки кои се однесуваат за спас на должничката грчка криза. Договорот беше изгласан на состанокот на лидерите на еврозоната во Брисел неделава. Владата на канцеларката Ангела Меркел се надева дека Бундестагот ќе го изгласа спасувачкиот план до петок, но опозициската социјалдемократска партија побара дополнително време за детално разгледување на планот, затоа што сметаат дека со него владата се обидува да купи време до изборите и да го прикрие проблемот во Атина, без при тоа да обезбеди оддржливи мерки за спас на земјата. Парламентите во Холандија и Естонија се следни кои ќе го разгледуваат спасувачкиот пакет за Грција, кој беше донесен со маратонски преговори меѓу преставниците на еврозоната и меѓународната кредиторска „тројка“.
XS
SM
MD
LG