Достапни линкови

Прилепските резервисти реагираат на поставувањето албански знамиња


Светозар Ѓорѓиоски.

Светозар Ѓорѓиоски.

Поставување албански знамиња без македонски, подигање на споменици и масовни прослави на албански празници во Македонија, се провокации реагираат прилепските резервисти.

Прилепските резервисти реагираат на последните случувања со поставување на албански знамиња во села населени со Албанци, подигање на споменици и масовни прослави на албански празници во Македонија. Овие постапки, според нив, се провокации, зашто со поставување на албанското, без присуство на македонското знаме, се засегаат чувствата како што велат на Македонците, кои се познати космополити и наместо поделби, сакаат свет без граници.
ВМРО-ДПМНЕ пренебрегна некои работи, како во 2001 година што го пренебрегнаа тој случај. Не го оправдуваме. Меѓутоа не сакаме да паднеме на ваква провокација, ако враќаме со иста мера треба пак да го возобновиме конфликтот. Сметам дека луѓето ќе се вразумат малку.

„ВМРО-ДПМНЕ пренебрегна некои работи, како во 2001 година што го пренебрегнаа тој случај. Не го оправдуваме. Меѓутоа не сакаме да паднеме на ваква провокација, ако враќаме со иста мера треба пак да го возобновиме конфликтот. Сметам дека луѓето ќе се вразумат малку“, вели Светозар Ѓорѓиоски, резервист, член на Здружението на резервни воени обврзници.

Тој го пренесува и ставот на Здружението за новиот Закон за посебните права на безбедносните сили.

„Дадовме амнестија дури на хашки случаи, ги реинтегрираме во општеството и никакви немаат консеквенци.“

Резервистите упатуваат критики до пратениците од ДУИ во парламентот за поставените над 15.000 амандмани на законот.
Нашите пратеници, воедно и моите колеги соборци, се разделуваат, се прелеваат од една партија, од едно здружение во друго, едноставно се разединуваме.

„Ни наликува како на скеч, како на театар, станува надмудрување, не дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов не може адекватно да одговори, меѓутоа најверојатно е станат заложник на претходни договарања“, вели Ѓорѓиоски.

За претседателот на Здружението, Рубин Секулоски, сите последни случувања во државата треба да послужат како пример и за пратениците и за бранителите.

„Нашите пратеници, воедно и моите колеги соборци, се разделуваат, се прелеваат од една партија, од едно здружение во друго, едноставно се разединуваме“, вели Секулоски.

Прилепските бранители од Здружението, кое брои над 1.000 членови, бараат што поскоро да се донесе Законот за посебни права на безбедносните сили, а при тоа да бидат земени предвид нивните бројни социјални барања, за поголема здравствена заштита, бенефиции при решавање на станбеното прашање, вработувањето и образованието на нивните деца.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG