Достапни линкови

logo-print

Убиен саудиски дипломат во Јемен


Новинските агенции јавуваат дека во Јемен е убиен дипломат кој бил член на саудиската воена делегација во главниот град Сана. Локалните власти соопштија дека автомобилот во кој се возел дипломатот и неговиот телохранител бил запален од неидентификувани напаѓачи. Западните новински агенции повикувајќи се на полициски извори јавуваат дека напаѓачите биле облечени во униформи на безбедносни сили. Се уште не е соопштен идентитетот на дипломатот. До сега никој не презел одговорност за нападот, но земјата долго време се бори со милитантите од Ал Каеда кои се обидуваат да го прошират своето влијание во земјата.
XS
SM
MD
LG