Достапни линкови

Груевски посетува болници во САД


Илустрација

Илустрација

Премиерот Никола Груевски, посетата на Детроит ја искористил и за договори кои ќе помогнат во македонскиот здравствен систем.
Нашата мисија што ја имаме зацртано е и во сите четири градови што ги посетуваме да издејствуваме обука за нашите лекари и медицинскиот персонал, изјавил премиерот Груевски, пренесува МИА.

- Во комуникација со министерот за здравство, затоа што и тој оди во некои од градовите, воспоставивме контакти со првите луѓе на болниците со цел да овозможиме наши лекари, медицински сестри и медицински персонал да дојдат на обука тука, нивни лекари да вршат обука во Република Македонија низ различни болници и клиники. Тоа е нашиот план за 2013, 2014 и 2015 година. Како што одиме со роуд шоуто во други градови, вршиме посета на една од болниците, додаде премиерот.
XS
SM
MD
LG