Достапни линкови

Министрите од ДУИ на прослава во Албанија


Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи и министерот за одбрана Фатмир Бесими во Тирана ќе присуствуваат на одбележување на 100 години од независноста на Република Албанија.

Од Министерството за одбрана соопштија дека на централна воена парада во Тирана организирана по тој повод, врз основа на одлука на Владата на Република Македонија заедно со војниците на земјите-членки на НАТО ќе маршираат и тројца офицери на АРМ од кои еден знаменосец со знаме на Република Македонија.

Претседателот Ѓорѓе Иванов и покрај поканата од неговиот албански колега нема да оди на прославата. Во неделата по повод големиот јубилеј на Албанците слична прослава се одржа и во Скопје, на која немаше претставници на македонскиот државен врв, ниту, пак, на партиите од македонскиот блок.
XS
SM
MD
LG