Достапни линкови

Во Египет протести против декретот на Морси


Претседателот на Египет Мохамед Морси.

Претседателот на Египет Мохамед Морси.

Илјадници демонстранти се собраа на централниот плоштад Тахрир во Каиро со барање исламистичкиот претседател Мохамед Морси да го укине декрет со кој си додели огромни овластувања. Полицијата се судри со демонстрантите откако претходно со солзавец одговори на нападите со камења. Еден 52-годишен демонстрант почина по вдишување на солзавец, тоа е вториот смртен случај од донесувањето на декретот минатата недела. Освен во Каиро, имаше демонстрации и во други египетски градови. Муслиманското братство вчера откажа митинг за поддршка на Морси, во обид да се намалат тензиите. Морси вели дека декретот е неопходен за да се забрзаат демократските промени и дека истиот ќе се поништи по парламентарните избори.
XS
SM
MD
LG