Достапни линкови

Чавез се враќа на лекување во Куба


Претседателот на Венецуела, Уго Чавез.

Претседателот на Венецуела, Уго Чавез.

Претседателот на Венецуела, Уго Чавез ќе се врати во Куба за да продолжи со лекувањето на ракот, соопшти претседателот на националното собрание. Тој не кажа кога Чавез ќе продолжи со лекувањето. Откако минатата година му дијагностицираа рак, претседателот на Венецуела Чавез трипати беше во Куба на лекување. Се верува дека Чавез има рак на карлицата, но лекарите и владините претставници никогаш прецизно не наведоа за видот или обемот на болеста.
XS
SM
MD
LG