Достапни линкови

Хакиран еден од компјутерските сервери на Агенцијата за атомска енергија на ОН


Генералниот директор на МААЕ, Јукиа Амано.

Генералниот директор на МААЕ, Јукиа Амано.

Агенцијата за атомска енергија на ОН призна дека еден од нејзините поранешни компјутерски сервери бил пробиен. На хакерскиот сајт Парасто се појавија детали за контактите на повеќе од 100 експерти кои работат за Меѓународна агенција за атомска енергија. Портпаролката на МААЕ Гил Тудор изјави дека агенцијата ги презема „сите можни чекори“ за да осигура заштита на своите компјутерски системи. Хакерите ги повикаа експертите чии контакти се објавени, да потпишат петиција за Агенцијата да спроведе „отворена“ истрага на нуклеарната програма на Израел. Се верува дека Израел поседува нуклеарно оружје, иако земјата ниту го потврдува, ниту пак го негира тврдењето. Израел го обвинува Иран дека тајно развива нуклеарно оружје, обвинение кое Техеран го негира.
XS
SM
MD
LG