Достапни линкови

logo-print

Американскиот пратеник за Авганистан и Пакистан се повлекува од функцијата


Специјалниот американски пратеник за Авганистан и Пакистан, Марк Гросман.

Специјалниот американски пратеник за Авганистан и Пакистан, Марк Гросман.

Специјалниот американски пратеник за Авганистан и Пакистан, Марк Гросман, ќе се повлече од функцијата. Неговиот портпарол изјави дека Гросман ќе се врати на приватниот живот. Тој интензивно работеше да го убеди Пакистан повторно да ги отвори своите гранични премини со Авганистан за конвоите на НАТО. Тие беа затворени поради спорот околу убиството на 24 пакистански војници во американски воздушен напад. Портпаролот на Гросман, исто така, соопшти дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон му се заблагодарила на Гросман за неговата улога во регионот.
XS
SM
MD
LG