Достапни линкови

logo-print

Ројтер: Лукашенко ја смета за забавна етикетата „диктатор“


Белорускиот претседател Александeр Лукашенко е опишан како последен европски диктатор, но се добива впечаток дека тој ужива во таквата констатација јавува новинската агенција Ројтерс. Во интервју за Ројтерс Лукашенко се насмевнал сарксастично на констатцијата и потврдиле дека е „последен жив диктатор во Европа“. Тој во интервјуто изјави дека ќе ја напушти функцијата кога на граѓаните на неговата земја нема да им бидат потребни „неговите услуги“. Лукашенко додаде дека нема да го задржи работното место до крајот на животот. Тој истакна дека нема место за револуции во Белорусија.
Западните земји го осудуваат однесувањето на Лукашенко кон граѓанското општество и притварањето на опозициските лидери во 2010 година по изборите. САД и ЕУ воведоа серија санкции кон поединци и компании кои се поврзани со владата на Лукашенко.
XS
SM
MD
LG