Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за законот за бранителите


Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Цветанка Иванова денеска на изјави дека работата на Комисијата е блокирана со илјадниците амандмани иако формално работи. Таа додаде дека проблемот со законот за бранителите дополнително е отежнат а со тоа и разобличена намерата на ВМРО-ДПМНЕ да промовира лажен патриотизам со фактот дека во предлог буџетот не се предвидени пари за спроведување на овој закон.

Таа тврди дека блокадата на работата на Комисијата е договорена меѓу
коалициските партнери затоа што две недели откако почна амандмандската расправа пратениците стигнаа до 15-тиот амандман, а со таква динамика законот нема да може да се донесе во наредните 30 години.

Во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека Иванова тактизира и игра двојна улога при водењето на седниците на кои се расправа за Законот за бранителите. Во продолжение е наведено дека СДСМ го поддржа Законот за бранители од чисто тактички причини, а не дека мисли нешто добро за тој закон
XS
SM
MD
LG