Достапни линкови

logo-print

Владините проекти ќе се удават во Охрид


Владините проекти за Охрид ќе завршат како Аква пура за Преспанското Eзеро. Tоа се мегаломански и неостварливи проекти, велат локалните политичари од СДСМ и ВМРО-НП.

За само една недела владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави четири големи инфраструктурни проекти за Охрид, изградба на аеродром на вода, хотелско туристички комплекс на индискиот милијардер Субрата Рој во Љубаништа, автопат од Гостивар до Охрид и од Охрид до Свети Наум.
Беше ветено дека ќе доаѓаат многу туристи, од сето тоа накрајот испадна дека одредена група блиски на тогашната владејачка гарнитура присвои десеттина хектари најелитно земјиште од Отешево до Стење. Такви се и најавите за големи инвестиции и на мексиканскиот магнат во телекоминакациите Карлос Слим кој го префрли својот бизнис во Хрватска, исто така најавите за голема инвестиција од Катар останаа јалови.


Ванчо Костовски, претседател на ОК на ВМРО-Народна партија вели дека проектот за Љубаништа е уште еден од многуте мегаломански и неостварливи проекти на оваа влада и оти ќе го снајде истата судбина како проектот Аква Пура кој требаше да се гради на Преспанското Езеро.

„Беше ветено дека ќе доаѓаат многу туристи, од сето тоа на крајот испадна дека одредена група блиски на тогашната владејачка гарнитура присвои десеттина хектари најелитно земјиште од Отешево до Стење. Такви се и најавите за големи инвестиции и на мексиканскиот магнат во телекоминакациите Карлос Слим кој го префрли својот бизнис во Хрватска, исто така најавите за голема инвестиција од Катар останаа јалови. Мислиме дека е само уште еден предозиборен трик на ВМТО-ДПМНЕ“, рече Костовски.
Индискиот милијардер Субрата Рој и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Индискиот милијардер Субрата Рој и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.


Човек и да не знае може да погоди дека се наближуваат избори од она што како пропагандна машинерија владеачката партија го прави, а најавената специјална програма за Охрид ја гледаме токму деновиве, рече пратеникот на СДСМ од Охрид, Митре Вељановски.
Автопатот до Охрид е во нивната програма уште од 2006 година и затоа веќе немаат никаков кредибилитет дека некој ќе поверува на она што предизбори се ветувава.

„Треба да се потсетиме дека во 2007 година власта ја затвори единствената специјална детска болница на Балканот во Охрид, најавувајки големи хотелски имиња на нејзино место како Хилтон и Радисон. Но нема ништо од тоа, остана само реалноста дека таа болница повеќе не работи. Во таа насока ги гледаме и овие силни ветувања околу тие дубариски работи кои планираат да ги прават во езерото. Автопатот до Охрид е во нивната програма уште од 2006 година и затоа веќе немаат никаков кредибилитет дека некој ќе поверува на она што предизбори се ветува“, рече Вељановски.

Охриѓани сметаат дека доколку се реализираат ветувањата ќе го препородат Охрид, но не веруваат во нивна реализација.

„Не верувам, затоа што се предизборни манипулации. За патот е добро да се изгради, но 20 години лопата не е фрлена. Дур не видам лопати не верувам. Целиот буџет од државата се троши само за мебел и споменици.“

„Не верувам ништо, не може тоа да се случи. Многу пари се потрошија по други работи.“

„Не е лошо, но ништо во тоа не може да се верува.“

„Со оглед дека се големи инвестиции не верувам, а може и да биде.“

Наспроти ова, министерот за финансии Зоран Ставрески рече дека проектот „Сахараја Македонија“ ќе отвори илјадници работни места, ќе ја продолжи туристичката сезона преку целата година, ќе донесе десетици илјади туристи, промет за дуќаните, девизен прилив за локалното население.
XS
SM
MD
LG