Достапни линкови

Скијачите се надеваат на исполнување норма за Олимпијада


Илустрација.

Илустрација.

Македонската алпска скијачка репрезентација очекува да исполни барем една норма на натпреварите во новата сезона, кои почнуваат кон средината на наредниот месец.

Да исполниме барем една норма за Зимските олимписки игри во Сочи (Русија) и нашите најдобри скијачи Антонио Ристовски и Дардан Дехари да настапат во финалните трки на СП во Шладминг.
Многу малку работи може да не спречат да ја исполниме нормата, затоа што минатата година, барем што се однесува до Ристовски, ја имаше цело време и мислам дека тоа нема да биде голем проблем. Едноставно, треба да имаме малку среќа во смисла на тоа да се одржуваат натпреварите, да имаме добри услови, да настапуваме и да имаме среќа да немаме повреди. Што се однесува до Дехари, мислам дека оваа година е многу блиску до Ристовски и дека и двајцата ќе одат кон тоа да ја исполнат нормата.

Со вакви амбиции македонската алпска скијачка репрезентација го очекува стартот на натпреварите во новата сезона. Тој е предвиден за средината на наредниот месец, кога нашите адути ќе ги имаат првите ФИС трки во Австрија, Италија и во Словенија, каде што ќе се обидат час поскоро да обезбедат виза за Олимпијадата во февруари 2014 година.
Илустрација.

Илустрација.


Селекторот Иван Лесевски е убеден дека тоа е можно, за што адут му се добро одработените снежни подготовки на глечерот во Хинтертуркс, Австрија, како и претстојните 10-дневни тренинзи(од 6 декември) на вештачки снег во Шладминг, но пред сè досегашните резултати на Ристовски и на Дехари.
Со сигурност очекуваме и во двете дисциплини, слалом и велеслалом, бидејќи има квалификациони натпревари, да учествуваме во финалето. Значи очекувам и двајцата да ги исполнат тие услови, да се квалификуваат во првите 25 кои ќе учествуваат во финалето и тоа мислам дека нема да биде проблем да го направиме.

„Многу малку работи може да не спречат да ја исполниме нормата, затоа што минатата година, барем што се однесува до Ристовски, ја имаше цело време и мислам дека тоа нема да биде голем проблем. Едноставно, треба да имаме малку среќа во смисла на тоа да се одржуваат натпреварите, да имаме добри услови, да настапуваме и да имаме среќа да немаме повреди. Што се однесува до Дехари, мислам дека оваа година е многу блиску до Ристовски и дека и двајцата ќе одат кон тоа да ја исполнат нормата“, изјави Лесевски, кој додава и дека е доволно еден наш репрезентативец да исполни норма, за и двајцата да настапат на Олимпијадата во Сочи.

За остварување на таа цел, тие ќе треба да забележат позитивни резултати на најмалку пет трки, што не би требало да претставува посериозен проблем и поради тоа што покрај неколкуте ФИС натпревари со висок рејтинг, е обезбедено учество и на повеќе европски и светски купови. Преку нив, Ристовски и Дехари не само што ќе се борат за пат во Сочи, туку и ќе ја темпираат формата за главниот настан сезонава - СП кое што од 14 до 18 февруари 2013 година ќе се одржи во Шладминг.

„Со сигурност очекуваме и во двете дисциплини, слалом и велеслалом, бидејќи има квалификациони натпревари, да учествуваме во финалето. Значи очекувам и двајцата да ги исполнат тие услови, да се квалификуваат во првите 25 кои ќе учествуваат во финалето и тоа мислам дека нема да биде проблем да го направиме. И учеството во финалето, мислам дека можно е, досега било реално тоа да се очекува, посебно во слаломот да имаме остварување меѓу првите 30 после второто возење“, додаде селекторот Иван Лесевски.

Инаку, и поради барањето на Меѓународната скијачка федерација, на Мундијалот ќе настапиме со уште неколку помлади натпреварувачи, од кои, поради нивното неискуство, ќе се очекува само подобрување на личните резултати.
XS
SM
MD
LG