Достапни линкови

Кичевски средношколци со хуманитарна претстава за сограѓани во неволја


Кичевските средношколци собраа и донираа 17.500 денари за семејството Коџаџаклиоски, кое во пожар ја изгуби куќата.

Дека хуманоста нема етничка боја, дека треба секому да му се помогне кога е во неволја, со пример и како лекција за возрасните покажаа учениците од двете кичевски средни училишта „Мирко Милески“, каде учат оние од македонска и „Дрита“, оние од албанска националност. Како триесетина волонтери на општинската организација на „Црвен крст“, овие средношколци веднаш откако дознале за трагичната приказна, пожарот во кој ја изгуби куќата семејството Коџаџаклиски, сами напишале сценарио, текст и сами режирале театарска претстава со наслов „Погоди кој доаѓа на вечера“.
Клубот на млади, на општинската организација на Кичево, одржа една хуманитарна претстава, која се одржа низ сите градови на Македонија. Овие млади волонтери значи напорно работеа на овој проект, и нивниот труд го крунисуваат со една успешна хуманитарна претстава, од која се насобраа финансиски средства и тие одлучија да ги доделат тие средства на ова семејство, кое остана без дом, без нивната куќа.

„Клубот на млади, на општинската организација на Кичево, одржа една хуманитарна претстава, која се одржа низ сите градови на Македонија. Овие млади волонтери значи напорно работеа на овој проект, и нивниот труд го крунисуваат со една успешна хуманитарна претстава, од која се насобраа финансиски средства и тие одлучија да ги доделат тие средства на ова семејство, кое остана без дом, без нивната куќа“, вели Бесим Селими, претседател на кичевскиот „Црвен Крст“.

Со радост учениците настапувале и по секоја претстава среќни ги броеле парите што ги собирале од влезниците. Така, велат, со секоја претстава биле поблиску до целта, да му помогнат на семејството Коџаџаклиоски, на двете дечиња, Мухамед и Санија, кои останаа без топол дом, без сигурен покрив над главите, во пресрет на студената зима, со родители кои не заработуваат, а со напор и стрес, со социјална помош од 1.500 денари, се обидуваат да им обезбедат подобри услови за живот.
„Да останеш без игла, без ништо тешко е, народот нешто донира, нешто имаме, нешто немаме, благодариме на сите кои нешто донираат, еве сами гледате, без ништо сме.

„Парите од влезниците што ги собравме, решивме да ги донираме на семејството, на коешто во моментов им треба најповеќе поддршка и се надеваме дека со оваа донација, барем малку ќе им помогнеме. Мислам дека оваа акција ќе ги разбуди младите и воопшто сите граѓани на државава, барем за миг да помогнат и да усреќат некого, да му овозможат со мал дел, некои среќни мигови“, вели Ивана Лазеска, ученичка во средното општинско училиште „Мирко Милески“.
Изгорената куќа на семејстовто Коџаџаклиоски во Кичево.

Изгорената куќа на семејстовто Коџаџаклиоски во Кичево.


Изненадени од посетата на учениците, Коџаџаклиоски ја примија паричната помош од 17.350 денари, благодарни на секој денар што овие деца го заработиле со труд, покажувајќи ја својата хуманост и инвентивност.

„Им благодариме на сите ученици што не посетија, на сите ќе им помагаме“, изјави 10-годишниот Мухамед.

„Доколку им се случи на други деца, ваква ситуација, колку што ќе можеме ќе донираме“, со насмевки на лицата додава и неговата две години повозрасна сестра Санија.

Овој пример на повозрасните ученици, ќе им биде вечно пред очите во животот, велат. Важно е да се биде човек, да се има душа, па полека сè ќе се стекне во животот, им сугерираат нивните родители.

„Да останеш без игла, без ништо тешко е, народот нешто донира, нешто имаме, нешто немаме, благодариме на сите кои нешто донираат, еве сами гледате, без ништо сме“, вели домаќинката Шаха Коџаџаклиоска.

„Сега засега врвиме, тука во варошот, еден човек ни даде стара куќа, врвиме, благодариме на него, се снаоѓаме“, вели нејзиниот сопруг Абдула Коџаџаклиоски.

Овој трагичен настан во Кичево се чини ги сплоти сите граѓани, па и советниците гласаа и донесоа одлука, да се прифати предлогот на градоначалникот Благоја Деспотоски, да се одвојат средства за изградба на нова куќа на ова семејство. Изградбата е во тек, но Коџаџаклиоски се чини, зимата ќе ја минат под туѓи покриви, дури на пролет, кога ќе блесне сонцето, светлина и топлина ќе ги облее и нив, со хуманоста на кичевчани, тие повторно сплотени ќе се вселат во својот нов дом.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG