Достапни линкови

Наместо алтернатива, медијацијата да стане редовна постапка


Во Македонија малку спорови се решаваат со медијација. Според претседателот на комората на медијатори Зоран Петковиќ проблем не е неиформираноста на граѓаните, туку неефикасноста на судскиот систем.

Брз, економичен и ефикасен пристап до правдата. Тоа го нуди медијацијата чија цел е на мирен и вонсудски начин да се решат граѓанските и трговските спорови.
Медијацијата начелно се занимава и со правното прашање, меѓутоа најбитно е покрај решавање на правното прашање, се разбира не е како во суд, па кој е во право, а кој во криво, ги решава односите, тоа е една од најбитните особини на медијацијата.


Претседателот на комората на медијатори Зоран Петковиќ вели дека медијаторот во Македонија за разлика од другите земји има право и да понуди решение за спорот, а тој ја изготвува и спогодбата. Но, според него најважно е тоа што медијацијата позитивно влијае на односите на инволвираните страни.
Зоран Петковиќ, претседател на Комора на медијатори.

Зоран Петковиќ, претседател на Комора на медијатори.


„Медијацијата начелно се занимава и со правното прашање, меѓутоа најбитно е покрај решавање на правното прашање, се разбира не е како во суд, па кој е во право, а кој во криво, ги решава односите, тоа е една од најбитните особини на медијацијата, бидејќи страните продолжуваат со своите односи или ги поправаа или ги задржуваат односите.“

Граѓаните велат доколку имаат некаков спор би сакале најпрвин да пробаат да го решат со помош на медијатор.
Не е лошо човек претходно да се консултира, да види на што е, кој му се аргументите и да не лута по судови за џабе, да плаќа пари. Ако во претходна фаза тоа се издефиренцира тогаш судот се избегнува. Позитивно е во секој случај, само да функционира како што треба.


„Најдобро е да се решат споровите со медијатори, тоа е полесно, полезно и нема толку чекање како во судовите, во секој случај побргу ќе бидат услужени.“

„Не е лошо човек претходно да се консултира, да види на што е, кој му се аргументите и да не лута по судови за џабе, да плаќа пари. Ако во претходна фаза тоа се издефиренцира тогаш судот се избегнува. Позитивно е во секој случај, само да функционира како што треба.“

Но, сепак малку спорови се решаваат со медијација. Според Петковиќ проблем не е неиформираноста на граѓаните, туку неефикасноста на судскиот систем.

„За сите предмети, судиите по законот за парнична постапка се должни да ги известат страните дека имаат опција на медијација, меѓутоа досега еден, два предмети дошле по тие известувања.“

Како и должниците, кои за разлика од доверителите не сакаат да ангажираат медијатори.

„Некои од нив искрено кажуваат дека немаат намера да одат не медијација, бидејќи знаат дека во судот треба да поминат три-четири години, а не спорот да го решат за три саати или три дена или максимум од 45 дена.“

Комората за равој на медијацијата во последните две години нуди и бесплатна помош, но и покрај тоа биле решени само осум случаи. Според Петковиќ решението е медијацијата во Македонија од алтернативна да стане редовна постапка.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG