Достапни линкови

Филе:Пристапните преговори ќе ги забрзаат реформите во Македонија


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Отворањето на пристапните преговори со Македонија ќе ги забрза реформските процеси во земјата и ќе овозможи Европската унија подлабински да се посвети на прашања како што се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал. Ова го изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе на Форумот за граѓанско општество во Западен Балкан што се одржа во Загреб.
Тој додаде придвижувањето кон следната фаза ќе помогне реформите да прераснат во динамичен процес и ќе ги зајакне меѓуетничките односи. Филе смета дека е важно да се одржуваат добрососедски односи со сите земји и да се најде взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG