Достапни линкови

Протести против декретот на Морси


Стотици луѓе се собраа денеска на плоштадот во Каиро во знак на протест против зголемувањето на овластувањата на претседателот Мухамед Морси. Полицијата со солзавец се обиде да го растури протестот кој ескалира со насилство. Критичарите го обвинуваат Морси дека се однесува како дикататор, поради декретот кој го што ги штити неговите одлуки од египетските судови. Морси изјави дека декретот е неопходен за да се забрзаат демократските процеси и дека по парламентарните избори тој ќе биде поништен. Во досегашните протести загина едно лице а најмалку десетина беа повредени. Муслиманското Братсво го откажа најавениот собир за поддршка на Морси со цел намалување на тензиите.
XS
SM
MD
LG