Достапни линкови

Железницата надвор од колосек


Вработените во железница и големите корисници на железничкиот транспорт се жалат на лоши работни услови и неефикасност.

Покрај владините планови за трошење повеќе народни пари годинава за инвестиции во железничката инфраструктура, дел од вработените во железница и големите корисници на железничкиот транспорт се жалат на лоши работни услови и неефикасност.
Јас како машиновозач, што сум директно инволвиран во сообраќајот, не ги гледам ни од блиску, а не пак од далеку. Имајќи ја предвид техничката исправност на локомотивите, сè помалиот товарен сообраќај поради неисправни локомотиви е огледало за фактичката состојба и техничката исправност на локомотивите.
Ристо Пејовски, Синдикат на машиновозачите.

За догодина е предвидено трошење на речиси 14 милиони евра за железничката инфраструктура. Не станува збор за нова инвестиција, имајќи предвид дека и годинава владата предвидуваше да даде пари за таа цел. Иако помал од догодинешниот, износот беше скастрен со ребалансот на расходите од народната каса.

Гестовите се за поздравување, вели Ристо Пејовски од Синдикатот на машиновозачите.

„Јас како машиновозач, што сум директно инволвиран во сообраќајот, не ги гледам ни од блиску, а не пак од далеку. Имајќи ја предвид техничката исправност на локомотивите, сè помалиот товарен сообраќај поради неисправни локомотиви е огледало за фактичката состојба и техничката исправност на локомотивите.“
Околу квалитетот на испораката, околу квалитетот на возните средства и често пати имавме проблеми, поготово надвор од Македонија кога одиме кон северните земји, да имаме проблем со вагони што се неисправни, па да се задржуваме 10-15 дена, што ни правеше сериозни проблеми со почитувањето на роковите при испорака на нашиот производ.
Александар Панов, Макстил.


Нема инвестиции ни за основни електро уреди потребни за една локомотива, вели Пејовски.

„Сезона е, време е кога вагоните треба да се греат, можете и самите да видите дали патничките вагони се греат. Еве последно од пред неколку дена. Поради заштита од проклизување на осовините на тркалата, така жаргонски да се изразам, потребно е песок, нема песок, значи таква локомотива не може да излезе во овој временски период на терен затоа што има проблем во извршувањето на сообраќајот.“

Не е проблем само техничката опременост, вели Пејовски.

„Каде се заштитните средства за работниците, 5-6 години немаат дадено облека и кондури коишто треба да ни ги дадат по Закон за заштита и безбедност во сообраќајот.“

Покрај ваквите забелешки, владата ангажираше германски конзорциум за реконструкција на пругите, дел од коридорот 10 за што искешира 17,6 милиони евра, по што се поставува прашањето зошто не се користат и надградуваат домашните капацитети?

Годинава не е репер, но кога имаше поголеми нарачки, имавме проблеми со железничкиот транспорт, вели Александар Панов од Макстил.

„Околу квалитетот на испораката, околу квалитетот на возните средства и често пати имавме проблеми, поготово надвор од Македонија кога одиме кон северните земји, да имаме проблем со вагони што се неисправни, па да се задржуваме 10-15 дена, што ни правеше сериозни проблеми со почитувањето на роковите при испорака на нашиот производ.“

Железницата ќе мора да се подготви за во иднина, смета Панов.

„Затоа што искуството покажува дека во зголемен обем на работа Македонски железници не беа подготвени да не следат како што треба“, вели Панов.

За потсетување, годинава вработените во железницата штрајкуваа поради неисплатени плати. Од „Ремонт на пруги“ чекаа примања за 19 месеци и бараа да се раскине договорот за продажба на фирмата. Неофицијално дознаваме дека сега вработените во „МЖ Транспорт“ чекаат плата од септември.
XS
SM
MD
LG