Достапни линкови

Бжезински: напад врз Иран е неодговорен потег


Збигњев Бжезински

Збигњев Бжезински

Поранешниот американски советник за национална безбедност Збигњев Бжезински изјави дека евентуалниот напад врз Иран би бил акт на крајна неодговорност. Доколку учествуваат и Соединетите држави тогаш таквиот напад, според него, би бил и целосно неморален. Бжезински прецизира дека евентуалните воени удари врз Иран, било да се американски или израелски, ќе бидат најлошата можна опција за запирање на иранските амбиции да дојде до нуклеарно оружје. Тој смета дека нападот ќе предизвика голем број жртви како и регионален конфликт кој ќе го дестабилизира пазарот со нафта.
XS
SM
MD
LG