Достапни линкови

Грција може да здивне, добива нови кредити


Грчкиот министер за финасии Јанис Стурнарас и шефицата на ММФ Кристин Лагард.
Грчкиот министер за финасии Јанис Стурнарас и шефицата на ММФ Кристин Лагард.

Грција доби простор за дишење, со тоа што од декември ќе и бидат рестартирани долгозамрзнатите кредити од еврозоната. Тоа, според аналитичарите, е прво јасно признавање дека е неопходно и отпишување на дел од грчкиот долг.

По 13-часовни разговори во Брисел, еврозоната и Меѓунарониот монетарен фонд се согласија за одблокирање на кредитите за Грција во вредност од над 43,5 милијарди евра, како и за потребата од натамошни потези со цел да и се помогне на таа земја во наредните децении.
Дозволете ми најпрвин да кажам дека ова не е само за пари. Ова е ветување за подобра иднина за грчкиот народ и за еврозоната во целост. Ова е пауза од ерата на промашени цели и загубени инвестиции.
Жан Клод Јункер, шеф на еврогрупата.
Марио Драги
Марио Драги

„Грција сè уште мора да ги исполни условите кои ги прифати, но најновата одлука ќе ја редуцира неизвесноста и ќе ја зацврсти довербата во Европа и во Грција“, изјави претседателот на Европската централна банка Марио Драги, кој ги напушти разговорите на министрите за финансии на еврозоната со ММФ пред финалната прес-конференција во Брисел.

Грчкиот премиер Андонис Самарас веднаш во Атина го поздрави договорот.

„Сè помина добро. Сите Грци се бореа за ваквата одлука и утре е нов ден за секој Грк посебно“, рече Самарас.
Сè помина добро. Сите Грци се бореа за ваквата одлука и утре е нов ден за секој Грк посебно.
Андонис Самарас, премиер на Грција.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, пак, изјави дека пакетот ќе му биде презентиран на Бундестагот до крајот на неделава.

И парламентите на другите земји членки треба да го одобрат договорот со кој се предвидува парите, предвидени за плати и пензии да бидат исплатени во четири рати и тоа од 13 декември до крајот на март, под услов Грција да ги спроведе даночните реформи договорени со меѓународните кредитори.

Тоа значи дека Грција треба да го намали долгот за 40 милијарди евра и да го доведе до 2020 година на не повеќе од 124 насто од бруто домашниот производ. Шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер оцени дека станува збор за важен полтички договор.
претседателот на еврогрупата Жан Клод Јункер
претседателот на еврогрупата Жан Клод Јункер

„Дозволете ми најпрвин да кажам дека ова не е само за пари. Ова е ветување за подобра иднина за грчкиот народ и за еврозоната во целост. Ова е пауза од ерата на промашени цели и загубени инвестиции.“

На ист став по повеќечасовните разговори во Брисел беше и шефицата на ММФ Кристин Лагард:
Грција се уште мора да ги исполни условите кои ги прифати, но најновата одлука ќе ја редуцира неизвесноста и ќе ја зацврсти довербата во Европа и во Грција,
Марио Драги, ЕЦБ

„Секако, ние сакавме да се осигураме дека Грците се повторно на вистинскиот пат и дека ги презедоа потребните потези. Тоа беше демонстрирано и Грција е посветена да преземе се што е потребно.“

Меѓународните кредитори и ветија на Грција спасувачки кредити во вредност од околу 240 милијарди евра. Досега Атина доби 150 милијарди евра.

Инаку, Меѓународниот монетарен фонд притисика на таканаречно фризирање или отпишување на долгот меѓу партнерите во еврозоната, како што тоа во почетокот на годинава го сторија и банките за дел од нивните кредити.

Приватните кредитори веќе и имаат отпишано на Грција околу 100 милијарди евра. Германија е против ваквиот чекор, со оглед на општите избори во таа земја догодина. Германскиот кацелар Ангела Меркел јасно стави до знаење дека е за друго решение.

На најновата одлука на еврозоната за одблокирање на финансиската помош за Грција берзите одговорија оптимистички, а еврото за кратко време се продаваше за долар и 30 центи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG