Достапни линкови

Протести во Тибет против Кина


Илјадници тибетански студенти протестирале во северозападниот дел на Кина поради тоа што во една официјална брошура самозапалувањата на луѓе како протест против кинеската власт се исмејуваат како глупави. Во полициската интервенција, според новинските агенции, биле повредени дваесетина активисти. Во неделата биле забележани уште четири случаи на самозапалување, од кои само еден преживеал. Официјален Пекинг го обвинува тибетанскиот духовен лидер во егзил Далај Лама за иницирање на протестите.
XS
SM
MD
LG