Достапни линкови

logo-print

Шефот на дипломатија Никола Попоски во Брисел


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета во Брисел. Посетата се реализира во пресрет на одржувањето на состанокот на Европскиот Совет и, како што информираат од Министерството за надворешни работи, е во насока на обезбедување поддршка за донесување одлука за почеток на преговорите за пристапување кон Европската унија. Тој, меѓу другото, ќе има обраќање пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, како и средби со комесарот за внатрешни работи Сисилиа Малстром и со генералниот директор за проширување Стефано Санино.
XS
SM
MD
LG